Sinan Doğan
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
БОГОТА
Во Мексико во последните 9 месеци убиени се 88 политичари во нападите на организираните криминални групи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во медиумите во земјата, во извештајот објавен пред федералните избори, закажани за јуни во Мексико, наведено е дека 88 политичари биле убиени од групите за организиран криминал во последните 9 месеци.
Во извештајот се наведува дека во последно време заканите и уцените до градоначалниците, пратениците и до кандидатите за пратеници на федералните избори закажани за 6 дена се зголемени.
Меѓу другото, се истакнува дека безбедносните мерки на државата се недоволни и дека градовите Чивава, Веракрус и Канкун се најопасните места за политичарите.
Според изјавата на Здружението на локалните власти на Мексико, дадена на 10 март 2021 година, 192 градоначалници биле убиени од групите за организиран криминал помеѓу 2006 и 2020 година.
На 27 мај, Алма Бараган, кандидат за градоначалник на градот Моролеон, во држава Гуанахуато, беше убиена додека ја водеше својата предизборна кампања.