Emre Aytekin
30 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
АНКАРА
Во мексиканскиот град Салватиера, кој се наоѓа во сојузната држава Гванахуато, откриена е масовна гробница во која се наоѓаат 59 тела, известува Агенција Анадолија (АА).
Карла Квинтана, претседателката на Националната комисија за истражувања, соопшти дека по дојава, минатата недела, на самата периферија на градот, на отворен простор откриени се 52 гробници.
Квинтана соопшти дека досега на тоа подрачје се пронајдени 59 тела, при што поголемиот број од жртвите се млади лица, а меѓу нив има и голем број жени.
Продолжуваат активноситите на пребарување на теренот.
Сојузната држава Гванахуато, која е место на борба за моќ меѓу бандите на организиран криминал во трговијата со дрога, позната е како држава со највисока стапка на убиства во Мексико. Судирите се пресметка меѓу наркокартелот Халиско кој дејствува во оваа држава и картелот Синаола, кој дејствува во соседните држави, поддржан од локалните банди.