Zehra Ulucak
15 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
МЕКСИКО (АА) - Полицијата на Мексико соопшти дека покрај пат е пронајден еден вид фрижидер за пикник, во кој се откриени 6 човечки глави, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјално лице од мексиканската држава Сонора извести дека полицијата, по добиена дојава, во еден вид фрижидер за пикник, пронашла 6 машки глави.
Засега не се пронајдени телата, ниту е одреден идентитетот на погубените лица, чии глави се пронајдени во близина на градот Сијудад Обрегон.
Познато е дека во Мексико, припадниците на наркобандите, како предупредување до своите противници или до власта, оставаат пресечени глави.
- Во Мексико не може да се реши безбедносниот проблем
Министерството за внатрешни работи на Мексико во јули даде соопштение во кое наведува дека во првите 6 месеци од оваа година, изршени се 15.973 убиства, и споредувајќи со истиот период минатата година, забележан е раст од 16 отсто.
Според извештајот за 2017 година, изработен од страна на Народниот совет за јавна безбедност и Кривичниот суд на Мексико, меѓу 10-те најопасни градови во светот, 5 се наоѓаат во Мексико. Бројот на извршени убиства во првите два месеца од минатата година, според податоците од статистиката за криминал, претставува највисоко ниво во последните 20 години.