свет

Мексико: Во бунар откриени човечки останки на 44 лица

Властите информираа дека поголемиот дел од телата биле пронајдени распарчени на делови

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 15.09.2019 - Обновена : 17.09.2019
Мексико: Во бунар откриени човечки останки на 44 лица Фото: АА/Архива

АНКАРА (АА) - Во мексиканската сојузна држава Халиско откриени се човечки останки на 44 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на „Би-би-си“ (BBC), во почетокот на месецот на периферијата од градот Гвадалахара во 119 кеси се пронајдени коски на 44 лица.

Властите информираа дека поголемиот дел од телата биле пронајдени распарчени на делови.

Официјлните лица соопштија дека истрагата започнала откако локалното население се пожалило на неподнослива миризба.

Во меѓувреме, локална организација која се занимава со истраги за исчезнати лица, упати повик до властите во регионот да испратат поголем број експерти за откривање на идентитетот на жртвите.

Инаку, во мексиканската држава Халиско дејствуваат најбезмилосните наркобанди во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın