Ekip
22 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Надлежните во Мексико објавија дека бројот на загинатите лица во разорниот земјотрес се зголеми на 286, и дека повеќе од половина од смртните случаи се забележани во главниот град Мексико Сити, пренесува Anadolu Agency (AA).
Луис Фелипе Пуенте, директор на Цивилната заштита на Мексико, изјави дека во Мексико Сити е потврдена смртта на 148 лица. Тој во денешната објава на „Твитер“ наведе дека 73 лица загинале во државата Морелос, 45 во Пуебла, 13 во Мексико, шест во Гереро и едно лице во Оахака.
Разорниот земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтер го погоди Мексико во вторникот вечерта. И понатаму траат акциите за барање и спасување на граѓаните од под урнатините.