Kemal Zorlak
22 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Повеќе стотици граѓани се собраа денес на протест во Техеран, за да го изразат незадоволството поради изјавата на претседателот на САД во врска со Иран, при обраќањето на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот е организиран во кругот на Универзитетот Техеран, а демонстрантите извикуваа пароли против Трамп и истакнаа транспаренти со осуди за неговите изјави. На еден од транспарентите беше испишано: „Долу САД“.
Во обраќањето на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран со парите од нафтата ги поддржува Хезболах и режимот на Башар ал Асад, со што дополнително ја продлабочува кризата во регионот.
„Нуклеарниот договор со Иран за САД претставува нешто од кое се срамиме. Од нас сѐ уште не го слушнавте последниот збор“, изјави Трамп.