Burak Karacaoğlu,Halit Süleyman,Adham Kako
22 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
ИДЛИБ/АНКАРА (АА) - Најмалку 12 цивили загинаа во денешните воздушни напади во Идлиб, во северниот дел на Сирија, кој е под контрола на опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА во Идлиб дознаваат дека нападите извршени на подрачјата Хан Шејхун, Кефер Небил, Сараќиб, Теманије, Марзит, Џарџаназ, Хас, Хабидије, Нерјаб, Аблин, Сифвах и уште неколку други.
Во најмалку 70 напади извршени на фреквентни подрачја загинаа 12 цивили. Така, во последните четири дена, во воздушни напади во Идлиб загинаа 35 цивили.
Претходно, Министерството за надворешни работи на САД изрази загриженост за тоа што цивилите се цел на нападите во Идлиб.