Sayed Khodaberdi Sadat
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
КАБУЛ (АА) - Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, направија ненадејна посета на авганистанскиот град Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Единиците на НАТО информираа дека Матис и Столтенберг го посетиле кампот на НАТО во Кабул.
По средбата со војниците на НАТО во Авганистан, во пладневните часови најавена е средба со претседателот на Авганистан, Ешреф Гани.