Associated Press
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ЊУЈОРК (AA) - Поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да го забрани влезот на бегалците во Соединетите Американски Држави (САД) и влезот на државјаните од седум муслимански земји, предизвика бурни демонстрации ширум земјата.
Повеќе илјади граѓани се собраа на аеродромите откако неколку луѓе кои отпатуваа во САД беа приведени, додека на одредени им беше забрането да се качат на летовите.
На бегалците, студентите и работниците чии визи и зелени карти претходно им биле одобрени, не им беше дозволен влез на летовите за САД, а тоа, според пишувањето на медиумите, се случило во Амстердам, Франкфурт, Каиро и во други градови ширум Европа, Блискиот Исток и Африка.
На аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк, каде вчера беа приведени 12 лица, се собраа над 2.000 луѓе кои носејќи транспаренти ‚‚Пуштете ги!“ изразија нездоволство поради одлуката на американските власти за забрана на влезот на бегалците и на државјаните од одредени муслимански земји.
Меѓу демонстрантите беше и американската актрека Синтија Никсон.
Една од присутните на протестот Памела Френч, рече: „Она што Доналд Трамп го направи во последните 24 часа е одвратно, срамно и потполно неамерикански“.
На меѓународниот аеродром Сиетл-Такома“ синоќа се собраа околу 3.000 демонстранти кои извикуваа слогани „без омраза и без страни, имигрантите се добредојдени“, „пуштете ги“, а протестите продолжија и утринава.
Аја Халаф, Американка со египетско потекло, се приклучила на протестот откако со пријателката го виделе собирот на телевизија. Ова е вторпат да учествувам на некој протест, претходниот беше Маршот на жената, масовниот протест одржан ширум САД по инаугурацијата на Доналд Трамп.
„Тоа не е против муслиманите, тоа е против човековите права. Секој мора да се спротивстави на ова“, кажа Халаф.
Истовремено, над 120 лица се собраа на аеродромот ‚‚Њуарк Либерти“ во Њу Џерси. Тамошните медиуми јавуваат дека на протестите се придружиле и адвокатите кои, како што рекоа, ги штитат правата на бегалците и мигрантите кои се приведени на аеродромите и на кои им е забранет влезот.
На протестите на меѓународниот аеродром „О'Хара“ во Чикаго се придружија и патниците кои чекаа да се качат на лет, а пак поединци негодуваа поради одржување на истите.
Слични протести се одржани и на аеродромите во Вирџинија, Денвер, Далас, Портланд, Лос Анџелес, Сан Франциско, Сан Диего...
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потпиша извршна уредба со која привремено е суспендиран влезот на бегалците во САД, и привремено го забрани влезот во земјата за државјаните од седум муслимански земји, тврдејќи дека сака да ги заштити Американците од терористички напади.