Ramazan Turgut
08 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
МЕКА (АА) - Повеќе милиони верници и оваа година ја извршија петтата исламска должност аџилак, а по завршените обреди, аџиите полека почнаа да се враќаат во своите татковини, јавува Anadolu Agency (AA).
Обредот аџилак е должност што барем еднаш во животот треба да ја исполни секој полнолетен, паметен, здрав и богат муслиман. Така и оваа година, голем број муслимани од целиот свет се упатија кон светите места за да ја исполнат оваа верска должност.
Покрај полнолетните, за време на обредите на аџилакот секогаш може да се забележат значителен број мали деца, кои во придружба на родителите се дел од обредите на аџилакот, па обично во прегратката на родителите го минуваат тавафот околу Ќаба (обиколување на Ќаба), престојот на Арефат или фрлањето камчиња на Мина.
Освен аџиите со различна боја на кожата и од разни нации, децата се еден од елементите што придаваат посебна убавина и разноликост на самиот аџилак.
Во соработка со саудиското Министерство за образование и Министерството за аџилак, оваа година е започнат пилот-проект во чии рамки децата што за време на аџилакот со родителите престојуваат во Мека, времето го поминуваат во установи како што се градинките.
Во овие установи децата ќе престојуваат додека нивните родители и роднини ги извршуваат обредите на аџилакот, што секако ќе им биде значително олеснување.