Büşra Selvi Öğütcen
08 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
МЕКСИКО (AA) - Најмалку 26 лица загинаа во Мексико по утринскиот земјотрес од 8,1 степени по Рихтер, кој е забележан во водите јужно од Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Американскиот геолошки завод (USGS) потврдено е дека епицентарот на земјотресот е забележан во море, 123 километри југозападно од јужниот мексикански гран Пијијипан. Иако претходно е објавено дека земјотресот е забележан на длабочина од 33 километри, наведено е дека до земјотресот дошло на длабочина од 69,7 километри.
Како што јави Би-Би-Си (BBC), гувернерот на Оаксак, Алехандро Мурат, изјави дека на тоа подрачје загинале 20 лица. Директорот на џивилната заштита на Мексико Луис Фелипе Пуенте рече дека на подрачјето на Чиапас животот го загубиле четири лица. Според неговите зборови, на подрачјето на Табаск загинале две лица
Претседателот на Мексико, Енрике Пена Нието рече дека оваа земја ја погодил земјотрес со јачина од 8,2 степени. Нието потврди дека се забележани 62 потресувања на тлото и наведе можност дека во наредните 24 часа може да биде забележан уште еден земјотрес со јачина од 7,2 степени.
Како што рече, станува збор за најсилен земјотрес кој во последните 100 години е забележан на подрачјето на Мексико.
Од последиците на земјотресот кој утрово е забележан во оваа земја, околу милион куќи останаа без електрична енергија. Претседателот на Мексико рече дека земјотресот го почувствувале околу 50 милиони граѓани на оваа земја и изрази загриженост дека бројот на мртвите би можел да биде зголемен.
Земјотресот нанесе и материјална штета. Службените лица наведуваат дека поради опасноста од цунами започна евакуација на жителите на подрачјето на Пуерто Мадера.
Амеркиканскиот Пацифички центар за предупредување од цунами објави дека цунами може да се очекува во регионот кој го опфаќа Мексико, Хондурас, Екватор, Гватемала, Никарагва и Панама.
Наведено е исто така, дека е формиран цунами висок еден метар.