Mehmet Özay
12 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Директорот на малезиската полиција, Халид Ебубекир, соопшти дека тројцата членови на терористичката организација ФЕТО, кои минатата недела во Малезија беа уапсени поради закана по националната безбедност на таа земја, синоќа беа испорачани на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според објавените вести на малезискиот весник „New Straits Times“ (Њу стрејтс тајмс), Ебубекир потврди дека се испорачани тројца турски државјани до матичната земја.
Ебубекир преку социјалните мрежи потврди дека претходно уапсените Тургај Караман, Ихсан Аслан и Исмет Озчелик беа на листата на барани лица доставена од страна на турското правосудство.
Тој потсети дека тројцата членови на терористичката организација ФЕТО се лишени од слобода минатата недела во Малезија, поради закана за националната безбедност на таа земја. Карам и Аслан се уапсени на 2 мај, а Озчелик на 5 мај.
Караман е директор на едно од училиштата на ФЕТО во Малезија, Озчелик е академски работник, а Аслан е бизнисмен.
Против членовите на терористичката организација ФЕТО во Малезија е започната и истрага поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ.