Dildar Baykan
12 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
САО ПАОЛО (АА) - Во Бразил е укината вонредната состојба прогласена пред 18 месеци за вирусот зика, јавува Anadolu Agency (AA).
Адеилсон Кавалканте, надлежен од бразилското Министерствот за здравство, соопшти дека благодарение на преземените мерки против комарците кои го пренесуваат вирусот зика, во периодот од јануари до средината на април случаите на заболени од зика се намалени за 95 отсто во однос на истиот период минатата година.
Кавалканте пренесе дека е укината вонредната состојба за овој вирус, којашто во Бразил беше прогласена во ноември 2015 година, и додаде: „Укинувањето на вонредната состојба не значи дека е завршен надзорот или помошта“.
Светската здравствена организација (СЗО) во ноември соопшти дека се укинува вонредната состојба за вирусот зика, прогласена глобално во февруари 2015 година, и дека таа продолжува да презема мерки против вирусот за тој да не се прошири на долг рок.
Вирусот зика, кој освен преку комарците се пренесува и преку крв и сексуален однос, за првпат е забележан во 1947 година, меѓу популацијата на мајмуните во шумската област Зика во Уганда. Вирусот кој многу години не се имаше појавено, во мај во 2015 година повторно се појави во Бразил.
Доколку бремена жена е инфицирана од вирусот зика, децата се раѓаат со микроцефалија, односно со нарушувања на нервниот систем. Сѐ уште не постои вакцина против ова болест, чии симптоми се температура, печење на очите, повраќање, главоболка, болка во мускулите и во зглобовите.