Zehra Ulucak
08 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Новата Влада на Малезија донесе одлука за затворање на Центарот за борба против тероризмот кој беше отворен минатата година во земјата од страна на кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Малезија, Мухамед Сабу, писмено соопшти дека веднаш ќе се стави крај на активностите на Меѓународниот мировен центар „Крал Селман“ (King Salman Center for International Peace) кој се наоѓа во главниот град на оваа земја, Куала Лумпур.
Во ова соопштение не е наведена причината за затворање на Центарот кој ќе биде управуван од страна на малезискиот Институт за одбрана и безбедност.
Поранешниот министер за одбрана на оваа земја, пратеникот Хушамудин Хусеин, истакна дека затворањето на овој центар ќе буде загуба за оваа земја.
Отворањето на овој центар чија цел е борба против екстремизмот, беше соопштено за време на минатогодишната средба на кралот Селман со поранешниот премиер на Малезија, Неџип Резак.
Министерот за одбрана на Малезија, Сабу, на крајот на јуни соопшти дека донеле одлука за повлекување на нивните војници распоредени во Саудиска Арабија.