Esra Taşkın
18 Јануари 2024•Ажурирај: 18 Јануари 2024
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера повика на итен прекин на огнот за да може да се испорача хуманитарната помош на жителите на блокираниот Појас Газа, јавува Анадолу.
Во своето обраќање на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, претседателот Макрон рече дека светот е поделен и дека постои сериозна тензија меѓу САД и Кина и додаде дека војната се вратила на тлото на Европа и на Блискиот Исток.
Истакнувајќи дека Русија не смее да победи во војната против Украина заради безбедноста на Европа, Кавказот и сите околни региони, Макрон наведе дека терористичките групи на Блискиот Исток ја дестабилизираат меѓународната трговија и глобалната безбедност.
Макрон повика и на итен прекин на огнот за да може да се испорача хуманитарната помош на жителите на блокираниот Појас Газа.
Тој нагласи дека дводржавното решение е единственото решение за палестинско-израелскиот конфликт.
„Европа се соочува со сериозни потешкотии во светот на реструктурирања, а цените на енергенсите на континентот се зголемија со започнувањето на украинско-руската војна“, истакна Макрон.