Burak Bir
04 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека новата безбедносна архитектура би требало да ѝ даде гаранции на Русија, доколку Русија се врати на преговарачката маса за ставање крај на војната во Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за француските канали TF1 и LCI на крајот од својата посета на САД, Макрон изјави дека Западот би требало да разгледа како ќе се занимава со безбедносната загриженост на Русија, доколку претседателот Владимир Путин се сложи на завршување на војната по дипломатски пат.
Меѓутоа, тој додаде дека одлуката за политичките услови останува на Украинците.
Макрон во четвртокот рече дека Франција никогаш нема да ги поттикне Украинците на компромис што за нив нема да биде прифатлив, бидејќи се така храбри и ги бранат своите животи, својата нација и начелата на Западот.
„Мораме да ги почитуваме Украинците самите да одлучат за моментот и условите под кои ќе преговараат за својата територија и својата иднина“, рече францускиот претседател.
Макрон во продолжение рече дека Франција и САД ја имаат истата визија да се продолжи со помошта за Украина и прават сѐ за да извршат притисок на Русија за да се врати на преговарачката маса.