Yusuf Özcan
07 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
ПАРИЗ
Претседателот на Франција Емануел Макрон ја именуваше новата влада на Франција на чело со премиерот Жан Кестекс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на Елисејската палата Алекси Колер ја претстави новоименуваната Влада на Франција што ја формираше премиерот Жан Кестекс, три дена откако оставка поднесе поранешниот премиер Едуард Филип.
Колер наведе дека во новиот кабинет на Владата на Франција се именувани 31 министер, од кои 17 се жени и 14 мажи.
Во новата Влада се додадени и нови имиња. Барбара Помпили, која во 2016 година беше претседателка на парламентарната група на Партијата на зелени (EELV), а потоа и државен министер за прашања по биолошката различност во мандатот на претседателот Франсоа Оланд, именувана е за министерка за животна средина.
Ерик Дупонд-Морети, познат франуски адвокат од полето за кривично право именуван е за министер за правда. Именувањето на Морети за министер предизвика големо изненадување во Франција.
На местото министерка за култура именувана е Розлин Башло, која на таа должност се најде на двапати претходно, во мандатот на Жак Ширак и Никола Саркози.
Елизабет Морено, родена 1970 година на островото Сантијаго, која 1977 година се доселила во Франција, ќе ја извршува должноста Министерка за рамноправност меѓу мажите и жените.
Поранешната министерка за животна средина Елизабет Борн го презеде министерството за труд, а поранешниот министер за финансии Жерард Дарманин го презеде министерството за внатрешни работи, а поранешниот министер за просторно планирање именуван за министер за земјоделство и храна.
Ова ќе биде втора влада со која Макрон ќе работи од почетокот на својот мандат. Филип, кој е унапреден во премиер откако Макрон е избран за претседател, на 3. јули ја поднесе својата оставка која е прифатена.
Оставката на Филип е резултат на повеќегодишно недоразбирање со Макрон околу решението за социјалната и економската криза во земјата.
Нивиот кабинет утре ќе го одржи првиот состанок под претседателство на Емануел Макрон.