Ekip
09 Април 2025•Ажурирај: 09 Април 2025
Францускиот претседател Емануел Макрон денес во Париз оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, на која во фокус беа билатералните односи меѓу двете земји, како и актуелните регионални случувања, јавува Анадолу.
Српскиот претседател престојува во официјална посета на Франција, каде што беше пречекан од францускиот претседател во Елисејската палата.
Посетата на српскиот претседател на Париз беше договорена на крајот на март, кога Вучиќ и Макрон имаа телефонски разговор.