Ahmet Gürhan Kartal
12 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија ја осуди најновата олука на израелските власти со која е одобрена изградбата на стотици нови стамбени единици за еврејските доселеници на подрачјето на окупираниот Западен брег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Велика Британија остро го осудува напредокот на плановите и организирањето на тендерите на израелските власти поради новите стамбени единици на Западниот брег“, изјави Алистар Бурт, британскиот министер за Блискиот исток.
„Го повикуваме Израел да ги преиспита споменатите одлуки. Таквите населби се илегални според меѓународното право, додека во физичка смисла, го поткопуваат и дводржавното решение“, изјави Бурт.
Израелските власти денес ја одобрија изградбата на стотици нови стамбени единици за еврејските доселените на подрачјето на окупираниот Западен брег.
„Одобрените планови вклучуваат изградба на над 200 куќи во Оранита и над 50 во Пецаел“, се навеува во текстот на израелскиот весник „Haaretz".