Tayfun Salcı
16 Април 2019•Ажурирај: 18 Април 2019
ЛОНДОН
Најмалку 113 активисти од групата за заштита на околината „Extinction Rebellion“ се уапсени во Лондон за време на вчерашните протести во чии рамки блокираа три крстосниците, еден плоштадот и еден мост во градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од британската полиција е наведено дека се уапсени најмалку 113 активисти кои вчера во главниот град на Велика Британија блокираа еден мост, плоштад и најмалку три крстосници.
Наведено е исто така дека полицијата синоќа ги повикала демонстрантите да се соберат на едно место и да продолжат со протестот, што оваа група го одбила, а потоа полицијата започнала со приведувања.
И покрај големиот број приведени, се очекува дека активистите и денеска ќе продолжат со протестните собири.
Во соопштението на организаторите на групата „Extinction Rebellion“ се наведува дека сообраќајниците ќе ги блокираат на мирен начин во текот на 24 часа. Се наведува и дека протестите ќе бидат организирани на неколку места и дека ќе траат пет дена.
Активисти на групата за заштита на околината „Extinction Rebellion“ од властите бараат одлуки кои ќе придонесат во намалувањето на емисиите на штетни гасови и ќе помогнат во ефикасната борба против климатските промени. Се додава дека сакаат демонстрациите да прераснат во глобално движење и предупредија дека за време на демонстрациите би можело да дојде до приведувања.
Во демонстрациите организирани минатата година во Лондон, кога демонстрантите блокираа пет моста, беа приведени 85 лица.