Gökhan Kurtaran
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Неколку стотици граѓани на Лондон вчера протестираа против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, осудувајќи ја употребата на хемиското оружје, јавува Anadolu Agency (АА).
Демонстрантите се собраа во центарот на градот во населбата Марбл Арч и прошетаа до Даунинг стрит каде што е сместена Владата на Велика Британија.
Демонстрантите носеа транспаренти со натписите "Уште колку хемиски геноциди ќе има?", "Време е да се спасиме од Асад!" и "Доста беше!".
Извикувајќи пароли на англиски и на арапски јазик, демонстрантите од британската влада побараа да стави крај на Асадовите злосторства против цивилите.