Ikrame Imane Kouachi
31 Јануари 2025•Ажурирај: 01 Февруари 2025
АНКАРА (АА) – Палестинската група Хамас објави листа со 16 високи лидери од нејзиното политичко биро кои се убиени за време на геноцидната војна на Израел против Газа, меѓу кои се Исмаил Ханије, Јахја Синвар и Салех ал-Арури, јавува Анадолу.
Во соопштението издадено денес, групата го потврди и убиството на Мохамед Деиф, командантот на нејзиното воено крило, заедно со други високи воени лидери како Марван Иса, Ахмед ал-Гандур и Ајман Нофал.
Хамас ја пофали улогата на убиените лидери во борбата за отпор против Израел и вети дека „нивната смрт нема да ја ослабне (групата) во нејзиниот отпор“.
На 19 јануари стапи во сила договорот за примирје и размена на затвореници помеѓу Хамас и Израел, кој првично ќе трае 42 дена, за време на кои ќе продолжат преговорите за следните фази на договорот. Договорот е посредуван од Египет и Катар, со поддршка од САД.
Во израелската офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година се убиени повеќе од 47.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Во војната се исчезнати повеќе 11.000 лица, а уништувањата и хуманитарната криза резултираа со смрт на многу стари лица и деца.
Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид во Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.