Ahmet Dursun
31 Јули 2024•Ажурирај: 01 Август 2024
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската државна телевизија објави дека лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, е убиен во напад што се случи во Техеран, пренесува Анадолу.
Повикувајќи се на изјавите на Револуционерната гарда, Иранската државна телевизија објави дека Ханије е убиен во терористички напад врз резиденцијата во која престојувал во главниот град на Иран.
Изворот информираше дека во нападот е убиен и телохранителот на Ханије.