Ali H. M.Abo Rezeg
06 Ноември 2016•Ажурирај: 07 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Лидерот на сириската опозиција Осама Рифаи тврди дека опозициските групи во Сирија не треба да регрутираат странски борци во својата борба против режимот на Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во екслузивно интервју за АА Рифаи, претседавачот на Сирискиот исламски совет, повика на пружање на секаков вид на поддршка на сириската револуција. Според неговите зборови, присуството на странските борци во Сирија „стана товар на Сиријците".
„Имаме доволно млади Сиријци, ентузијасти, кои можат да служат и да ја бранат својата револуција", рече Рифаи.
Според него, странските борци кои се придружија на екстремистичките фракции во Сирија, за сирискиот народ станаа поголем товар од самиот режим. Предупреди дека од победата на сириската револуција највеќе одвраќа „неединството и судирот меѓу опозициските групи." Вез обединување на тие групи, смета Рафаи, нема победа.
Во Сирија првите немири избија на почетокот на 2011 година, кога режимот на сегашниот претседател Ал-Асад ги собори демократските протести кои избувнаа во рамките на „Арапската пролет", со неочекуван отпор. Од тогаш во Сирија се убиени повеќе од 400.000 луѓе, додека 10 милиони се раселени.
Кога станува збор за моменталната состојба во таа земја, опозицискиот лидер ја поздравува турската офанзива покрената за да северниот пограничен дел се исчисти од терористите на ДЕАШ.
„Терористите на групата ПЈД настојуваат да ја поделат Сирија, тоа е работа која ја отфрламе заедно со Турција", нагласи Рифаи алудирајќи на операцијата „Штитот на Еуфрат", која Турција на 24 август оваа година ја покрена на сириско-турскиот пограничен појас.
Целта на ованзивата е отстранување на милитантите на ДЕАШ од пограничниот дел на земјата. Оваа воена акција на Турција ја поддржа Слободната сириска армија со турските специјални единици, артилерија и тенковите.
Кога станува збор за ДЕАШ. Рифаи тврдеше дека таа терористичка организација е продукт на странските разузнавачки служби.
„Таа група е дизајнирана така да земе многу територии на Сирија и Ирак и да ги предаде на терористичката група ПЈД во Сирија и ирачките шиитски милиции во Ирак", додаде Рифаи.
Тој се осврна и на шиитскиот Иран поради поттикнување на секташтвото во регионот.
„Иако иранското раководство настојува да ја избегне секташката реторика, нивните потези се чисто секташки", рече Рифаи.
Инаку, Иран го поддржува режимот на Башар ал-Асад во Сирија.
Изминатите пет години колку што трае војната во Сирија, иранските трупи, заедно со членовите на либанската шиитска група Хезболах се борат на страната на режимот.