Zehra Nur Düz
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ТРИПОЛИ
Либиската армија денес соопшти дека руските авиони, превезувајќи сириски платеници и оружје, направиле најмалку 11 слетувања на воздушната база „Ал-Гардабија“ во градот Сирт, јавуваат локалните медиуми.
Авионите пренесувале платеници од Сирија и шест системи за воздушна одбрана Панцир, како и оружје и муниција, тврди либиската армија.
На 6 јуни либиската влада започна успешна воена операција - Патот на победата - за ослободување на градовите во источна и централна Либија, вклучувајќи ги Сирт, Јуфра, градови во Вади Вишка, Буерат, Јариф и Каср Абу Хаид.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународните заедници, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.