Mücahit Aydemir
06 Септември 2020•Ажурирај: 07 Септември 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Милициите на Хафтар во 22:30 часот по локално време извршија напад со 10 проектили од типот „Град“ врз точки што припаѓаат на армиските единици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на АА, засновани на извори од либиската Армија, нападот извршен од страна на милициите на Хафтар не предизвикал загуба на човечки животи, а исто така не е оштетена ниту опремата на Армијата.
- Трето кршење на примирјето по одлуката за прекин на огнот -
Либискиот премиер, Фајез ал Сараџ, и челникот на Претставничкото собрание во Тобрук, Акиле Салих, на 21 август прогласија примирје во земјата.
И покрај примирјето, силите на Хафтар, на 27 август во напад со 12 проектили за прв пат го прекршија примирјето. Исто така, примирјето го прекршија и на 2 септември во напад со 6 проектили.
Армиски извори изјавија дека досега нема жртви во овие напади.