Aydoğan Kalabalık
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Армија соопшти дека презела контрола врз Меѓународниот аеродром во Триполи, кој беше окупиран од милицијата на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили од истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмено соопштение, портпаролот на либиската Армија, полковник Мухамед Кунуну рече: „Нашите воени единици целосно ја презедоа контролата врз Меѓународниот аеродром во Триполи.“
Кунуну истакна дека продолжуваат да напредуваат кон областа Каср бин Гашир, каде што избегала милицијата поврзана со Хафтар.
Либиската Армија денеска соопшти дека започнала операција за враќање на меѓународниот аеродром во Триполи од милицијата Хафтар.
Меѓународниот аеродром во Триполи, кој се наоѓа во регионот Каср бин Гашир, на 27 километри јужно од главниот град Триполи, изграден е од страна на Италијанците во 1934 година.
Аеродромот, кој беше изграден како воздухопловна база, беше именуван „Реџиа Аеронаутика“. Аеродромот беше проширен во 1938 година и го доби новото име „Триполи-Кастел Бенито“.
Поради забраната за летови во либискиот воздушен простор донесена од Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во март 2011 година, аеродромот беше затворен за летови.
Во август истата година, бригадата на револуционерот Зинтан, кој беше против Гадафи, го зазеде аеродромот и летовите повторно започнаа во октомври 2011 година.
Откако либиската милиција „Феџр“ го нападна аеродромот во август 2014 година и ја презеде контролата, летовите беа запрени и пренасочени на воениот аеродром „Митига“, и оттогаш не беше користен.
На 4 април 2019 година, милициите поврзани со Хафтар започнаа напад за заземање на главниот град. За тоа време, многу населени места беа на цел на милициите и многу цивили беа убиени. Милицијата на Хафтар го окупираше аеродромот во главниот град на 6 април 2019 година.