свет

Летниот камп за девојчиња „Мистик“ уништен по поплавите во Тексас, загинаа 27 деца

- Кревети, мебел и лични предмети беа расфрлани пред поплавените кабини во летниот камп „Мистик“, откако поројни дождови предизвикаа катастрофални поплави кои го зафатија централниот дел на американската сојузна држава Тексас

Aida Cako  | 08.07.2025 - Обновена : 08.07.2025
Летниот камп за девојчиња „Мистик“ уништен по поплавите во Тексас, загинаа 27 деца

ТЕКСАС (АА) - Кревети, мебел и лични предмети беа расфрлани пред поплавените кабини во летниот камп „Мистик“, откако поројни дождови предизвикаа катастрофални поплави кои го зафатија централниот дел на американската сојузна држава Тексас, јавува Анадолу.

Историскиот христијански летен камп за девојчиња потврди дека 27 кампери и членови на персоналот на летниот камп го загубиле животот кога реката Гвадалупе се излеала од коритото и го потопила кампот и околината.

„Кампот Мистик тагува поради загубата, како последица на катастрофалната поплава предизвикана од реката Гвадалупе“, се наведува во соопштението од управата на кампот.

Во соопштението се додава дека продолжуваат да соработуваат со властите во потрагата и спасувачките активности, изразувајќи благодарност за укажаната поддршка од страна на заедницата и итните служби.

Вкупниот број на загинати во поплавите што ја зафатија американската сојузна држава Тексас досега изнесува 104 лица.

Шерифот на округот Кер, Лари Леита, во понеделникот изјави дека во неговиот округ има 75 жртви како последица на поплавите, вклучувајќи 48 возрасни и 27 деца, од кои 15 од возрасните и 9 од децата сè уште не се идентификувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.