Emre Gürkan Abay
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се состана со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, а темата на разговор беше Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA)
Во соопштението од руското Министерство за надворешни работи се вели дека Лавров и Ванг разговарале за неодамнешните случувања на Корејскиот Полуостров.
Беше истакнато дека двајцата министри се согласиле оти не е потребно да се користат воени методи за решавање на корејската криза.
Тие исто така порачаа дека САД и Кина ќе ја продолжат стратешката и блиска соработка кога станува збор за решавање на нуклеарниот проблем.