Dmitri Chirciu
31 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
МОСКВА
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека дошло време за воспоставување политички контакти со Европската Унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во говор на конференцијата, одржана во главниот руски град, Москва, за односите на Русија и ЕУ, Лавров истакна дека ситуацијата моментално е прилично тешка.
„Европскиот континент ја проживува невидената криза на доверба. Се повлекуваат линии за поделба кон истокот“, изјави Лавров.
Тој нагласи дека западните земји не се придржуваат на нормите и правилата на меѓународното право и додаде дека некои актери се мешаат во внатрешната прашања на Русија и нејзините сојузници.
Тој истакна дека Европската Унија се изолирала од Русија, но изрази подготвеност за искрена и рамноправна соработка со ЕУ.
„Тоа не значи дека нема да реагираме на новите непријателски постапки, засновани на моќта и мешањето во нашите внатрешни прашања“, изјави Лавров.
На крајот уште изјави дека и понатаму продолжуваат техничките контакти на ниво на комисиите меѓу Русија и ЕУ за некои прашања.
„Мислиме дека дојде време и за воспоставување политички контакти“, додаде рускиот министер за надворешни работи.