Bahtiyar Abdülkerimov
17 Февруари 2023•Ажурирај: 19 Февруари 2023
ДУШАНБЕ (АА) - Во лавини во Таџикистан животот го изгубија 17 лица, јавува Анадолу.
Комитетот за вонредни состојби на Таџикистан информира дека во лавините кои настанале во планинските подрачја во изминатите неколку дена, животот го загубиле 17 лица.
Во соопштението се наведува дека изминатите денови се случиле близу 100 случаи на лавина, и дека опасноста продолжува.
Екипите за пребарување и спасување продолжуваат со работата во подрачјето зафатено од лавините.
Некои патишта, вклучувајќи го и Автопатот „Душанбе - Чанак“, кој го поврзува главниот град со северните делови на земјата, затворени се за сообраќај поради лавините.