Muhammed Emin Canik
08 Март 2024•Ажурирај: 12 Март 2024
ГАЗА (АА) - Неколку луѓе ги загубија животите, а има и повредени откако падобраните со кутии хуманитарна помош не се отворија и паднаа врз Палестинците додека чекале помош во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Според зборовите на очевидците, некои од падобраните со пакетите хуманитарна помош воопшто не се отвориле и паднале врз Палестинците кои ја чекале помошта.
Кутиите паднале врз цивилите што чекале хуманитарна помош во бегалскиот камп Шати и на улицата Џела во северниот дел на градот Газа.
Од болнички извори се дознава дека има мртви и повредени по паѓањето на пакетите хуманитарна помош врз луѓето.
Локалните извори наведуваат дека повредените се префрлени во болниците Ал Шифа и Ал Ахли во Газа.
Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Јордан, Катар, Оман и Бахреин минатата недела организираа заеднички акции за испуштање помош во Појасот Газа.
Палестинците што се обидоа да дојдат до помошта и претходно имаа проблеми бидејќи хуманитарната помош фрлена над Газа паѓаше во море.
Некои луѓе влегуваа во морето во рибарски чамци, а некои пливаа за да дојдат до многу неопходната хуманитарна помош.