Bedrudin Brljavac
08 Март 2024•Ажурирај: 10 Март 2024
ГАЗА (АА) - И покрај тешките и воени услови, стотици Палестинци ја извршија петочната молитва (џума-намаз) на урнатините на една од срушените џамии во Газа, јавува Анадолу.
Верниците во градот Рафа ја извршија молитвата на урнатините на џамијата Фарук, која е уништена во еден од многуте израелски напади.
Меѓу верниците имаше и голем број мали момчиња кои присуствуваа на петочната молитва.
Од почетокот на израелските немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година, досега се убиени над 30.878 Палестинци, главно деца и жени, а ранети се повеќе од 72.402, објавија здравствените власти на палестинската енклава.
Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.
По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.