Oktaj Omeragikj
30 Јануари 2025•Ажурирај: 31 Јануари 2025
СКОПЈЕ (АА) - Кулата Си-ен (Канадска национална кула) во Торонто, Канада, е осветлена во спомен на жртвите во нападот на џамијата во Квебек и по повод Националниот ден на сеќавање и активности против исламофобијата, јавува Анадолу.
Во Торонто е осветлена кулата Си-ен во спомен на жртвите во нападот на џамијата во Квебек.
Канадската Влада го прогласи 29 јануари за Национален ден на сеќавање на нападот на џамијата во градот Квебек и активности против исламофобијата.
На 29 јануари 2017 година се случи вооружен напад врз муслимани што беа на вечерна молитва во џамија во близина на Исламскиот културен центар во Квебек, Канада.
Во инцидентот беа убиени шестмина муслимани, а петмина беа тешко повредени. Нападот го изврши вооружен маж кој влегол во салата за молитва и пукал во луѓето.