Emre Gürkan Abay
05 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, порача дека светот е преголем за Европа и САД да можат да изолираат која било земја и додаде дека во Русија ќе се вратат странските компании кои ја напуштиле земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи им се на новинарите во Москва, Песков се осврна на санкциите наметнати кон Русија поради војната во Украина.
Тој нагласи дека односите меѓу Русија и западните земји со тие санкции се дополнително влошени.
„Меѓутоа, тоа не значи изолација на Русија. Светот е преголем за Европа и Соединетите Американски Држави (САД) да изолираат која било земја, особено земја голема како што е Русија“, рече Песков.
Коментирајќи ги наводите дека САД би можеле да воведат забрана за руската нафта, Песков рече дека оваа ситуација може да го потресе енергетскиот пазар на глобално ниво.
„Ова има многу сериозни последици“, предупреди Песков.
Портпаролот на Кремљ исто така рече дека е уверен дека во Русија ќе се вратат странските компании кои ја напуштиле.