Muhammet Tarhan,Ruslan Rehimov
05 Март 2022•Ажурирај: 05 Март 2022
БАКУ (АА) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во Баку, главниот град на земјата, го прими турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Братските односи помеѓу Турција и Азербејџан секогаш ќе бидат од голема важност како за нашите народи така и за целиот регион. Нашите односи се од голема важност не само во билатерална смисла, туку и во поглед на регионалната безбедност“, рече Алиев и додаде:
„Односите помеѓу Турција и Азербејџан секогаш биле на ниво на сојузништво и тоа сојузништво е во нашите срца.“
Истакна дека Турција и Азербејџан со заеднички напори го осигуруваат идниот развој на регионот, неговата безбедност и благосостојбата на народите.
„Ние сме сојузници, ние сме браќа и во светот не постојат вакви силни врски како нашите. Ова е наше големо богатство и ние го чуваме и дополнително го зајакнуваме. Подготвени сме за секоја ситуација и секогаш сме еден до друг“, рече Алиев.
Турскиот министер Чавушоглу исто така го истакна значењето на сојузничките односи на Турција и Азербејџан.
„Зајакнувањето на нашите односи ќе биде од голема корист не само за јакнење на односите меѓу двете држави и нашите народи, туку и за стабилноста и мирот во регионот“, рече Чавушоглу.