Ekip
11 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
МОСКВА (AA) – Рускиот претседател Владимир Путин на израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху му рече дека суверенитетот на Сирија мора да се почитува, осврнувајќи се на овонеделните воздушни напади на Сирија за кои Русија и останатите го обвинија Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кремљ објави дека Путин со Нетанјаху денеска разговарал телефонски.
Во соопштението се наведува дека Путин го „нагласил големото значење на почитување на суверенитетот на Сирија и повика на откажување на било кои активности кои дополнително би ја дестабилизирале ситуацијата во таа земја и би претставувале закана за нејзината безбедност".
Сириската воздушна база во понеделник беше погодена со проектили, 24 часа по хемискиот напад во близина на Дамаск за кој Западот ги обвинува силите лојални на Владата на Сирија.
Сирија и Русија за воздушниот напад го обвинуваат Израел. Тел Авив не одговори на обвиненијата бидејќи обично не ги коментира своите акции во Сирија.