Dmitri Chirciu
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека обврските во рамките на Организацијата на договорот за колективна безбедност (CSTO) не се важечки за Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песков за медиумите ги коментираше судирите во Карабах, Азербејџан, до кои дојде поради нападите на Ерменија.
Во таа пригода ја коментираше можноста, Русија, во рамките на ЦСТО да испрати војска во Нагорно Карабах.
„Доколку членка на ЦСТО е изложена на напаѓање, членките на организацијата имаат обврска да ја бранат“, изјави Песков.
Тој потсети и на зборовите на претседателот на Русија, Владимир Путин, во однос на ова прашање.
„Обврските во рамките на ЦСТО се неважечки за Карабах“, изјави Песков.
Путин претходно изрази загриженост поради случувањата во Карабах.
„Во рамките на ЦСТО имаме обврски кон Ерменија, но судирите не се случуваат на територијата на Ерменија“, изјави тој.