Muhammet Kurşun
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 27.658, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 239 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 27.658.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 4.019 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 483.844.
Според Лари, 4.274 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 397.109 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 4.207.631 тестирање за Ковид-19.