Zehra Ulucak
29 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
АНКАРА
Од новиот тип коронавирус Ковид-19, што за првпат се појави во градот Вухан, сместен во кинеската провинција Хубеј, досега животот го загубија 2.933 лица. Од нив 2.835 лица починаа на континенталниот дел на Кина, 2 во Специјалниот Административен Регион Хонгконг, 43 во Иран, 21 во Италија, 17 во Јужна Кореја, 11 во Јапонија, 2 во Франција и по еден во Тајван и на Филипини.
На континенталниот дел на Кина регистрирани се 79.251 случај на лица заразени со новиот тип коронавирус, 94 во Специјалниот Административен Регион Хонгконг и 10 случаи во Специјалниот Административен Регион Макао. На Тајван се регистрирани 39 случаи на Ковид-19.
Новиот тип на коронавирусот според регистрираните случаи и информациите објавени во националните медиуми е забележан во следните земји:
Јужна Кореја 3.150, Јапонија 941, Италија 888, Иран 593, Сингапур 98, Германија 66, САД 62, Франција 57, Кувајт 45, Шпанија 44, Тајланд 42, Бахреин 38, Малезија 25, Австралија 23, Велика Британија 20, Обединети Арапски Емирати 19, Виетнам 16, Швајцарија 15, Канада 14, Шведска 11, Ирак 8, Австрија 7, Оман 6, Русија 5, Израел 5, Хрватска 5, Грција 4, Либан 4, Индија 3, Филипини 3, Романија 3, Грузија 3, Пакистан 2, Финска 2, Холандија 2, Данска 2, Мексико 2 и по еден регистриран случај во Алжир, Непал, Шри Ланка, Камбоџа, Белгија, Египет, Авганистан, Азербејџан, Бразил, Северна Македонија, Естонија, Норвешка, Нов Зеланд, Нигерија, Белорусија, Литванија и Монако.