свет

Конвои со хуманитарна помош ја преминаа границата кај Рафа и влегоа во Газа, по прекинот на огнот

Камиони со хуманитарна помош денес почнаа да влегуваат во Појасот Газа и преку граничниот премин Керем Шалом, кој е под израелска контрола, согласно договорот, изјавија извори за Анадолу

Elena Trenchevska Chekovic  | 12.10.2025 - Обновена : 12.10.2025
Конвои со хуманитарна помош ја преминаа границата кај Рафа и влегоа во Газа, по прекинот на огнот Фото: Ahmed Sayed/AA

СКОПЈЕ (АА) - Камиони со хуманитарна помош од Египет денес почнаа да влегуваат во Газа преку граничниот премин Рафа, по неодамна објавениот договор за прекин на огнот, јавува Анадолу.

Камиони со хуманитарна помош денес почнаа да влегуваат во Појасот Газа и преку граничниот премин Керем Шалом, кој е под израелска контрола, согласно договорот, изјавија извори за Анадолу.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата објави дека Израел и Хамас се согласиле за првата фаза од планот од 20 точки за воведување прекин на огнот во Газа, ослободување на сите израелски заробеници што се држат во енклавата во замена за околу 2.000 палестински затвореници, и постепено повлекување на израелските сили од целиот Појас Газа.

Првата фаза од договорот стапи на сила во петокот напладне.

Втората фаза повикува на воспоставување нов механизам за управување во Газа без учество на Хамас, формирање на безбедносни сили составени од Палестинци и војници од арапските и исламските земји и разоружување на Хамас.

Од октомври 2023 година, во израелските напади во Газа убиени се речиси 67.700 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, кои ја направија енклавата во голема мера непогодна за живеење.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.