Associated Press
09 Декември 2018•Ажурирај: 10 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Надлежните служби утрово забрзано ги чистеа улиците на центарот на Париз, кој и вчера беше поприште на масовни протести и нереди, во кои се повредени најмалку 71 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Најмалку 125.000 демонстранти протестираа вчера низ цела Франција, а во Париз се собраа повеќе од 10.000 лица во жолти елеци.
Полицијата претходно соопшти дека во текот на нередите се повредени најмалку 135 лица, од кои најмалку 71 во Париз.
Комуналните служби утрово ги чистеа улиците на „градот на светлината“, а сопствениците на дуќаните помагаа во тоа, со цел што поскоро да започнат да им ги пружаат своите услуги на туристите.
Претседателотт на Франција, Емануел Макрон, го прекина својот молк и на социјалната мрежа Твитер ја поддржа полицијата. Макрон и неговата Влада се соочени со притисокот на демонстрантите, кои бараат нови решенија, со цел да се запре сѐ подлабоката поделба во француското општество.