12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
РАМАЛА (АА) - Комеморацијата за новинарката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех, која е убиена додека известуваше за израелската воена рација на окупираниот Западен Брег, е одржана денеска во Рамала на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Погребот ќе биде извршен утре во окупираниот источен Ал Кудс (Ерусалим).
Поворката со телото на убиената новинарка помина пред болницата „Истишари“ во Рамала кон канцеларијата на палестинскиот претседател.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас, заедно со највисоките палестински претставници, присуствуваше на комеморацијата.
Стотици Палестинци се собраа на улиците за да ѝ оддадат почит на убиената Абу Аклех.
Абас смета дека Израел е одговорен за застрелувањето на новинарката.
„Окупацијата нема да ја скрие вистината, а злосторството не треба да остане неказнето“, рече палестинскиот претседател.
Абас рече дека Палестина нема да прифати заедничка истрага со Израел за атентатот на Абу Аклех.
„Одбиваме заедничка истрага со израелските власти бидејќи тие го извршија злосторството и не им веруваме“, рече палестинскиот претседател.
Тој вети дека ќе го поднесе случајот до Меѓународниот кривичен суд.
Пофалувајќи ја убиен новинарка, Абас рече дека таа претставувала „чесен и патриотски глас“.
„Одлучено е да се награди со медалот „Ѕвезда на Ал Кудс““, рече тој.
„Абу Аклех (51) почина откако беше застрелана додека известуваше за рацијата на израелските сили во градот Џенин. Уште еден новинар, Али ал Самуди, беше застрелан во грбот“, соопшти вчера палестинското Министерство за здравство.
Абу Аклех е роденa во Ал Кудс/Ерусалим во 1971 година, а дипломиралa новинарство на Универзитетот „Јармук“ во Јордан.
Катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“ ги обвини израелските сили за намерно убиство на Ширин Абу Аклех, додека израелската војска соопшти дека нивните првични проценки укажуваат дека била „убиена од палестински вооружени лица“.
Во соопштението на „Ал Џезира“ се вели дека таа била „ладнокрвно убиена“ од израелските сили. Убиството беше наречено „грозоморно злосторство, кое само има намера да ги спречи медиумите да ја извршуваат својата должност“.
На објавените снимки од местото на настанот се гледа како луѓето ја префрлаат новинарката на „Ал Џезира“, која носи новинарски заштитен елек, во автомобил.
Израелската војска соопшти дека нејзините први проценки покажуваат дека Абу Аклех бил „убиенa од палестински вооружени лица“.