Erdoğan Çağatay Zontur
24 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (АА) - Силите на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави (САД) и терористичката организација ЈПГ/ПКК во моментот преговараат со милитантите на ДЕАШ заробени во источната сириска покраина Деир ез Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
Локален извор за АА, под услов да остане анонимен, изјави дека коалициските сили привремено ги суспендирале операциите за да ѝ дадат шанса на ДЕАШ да се предаде во градот Багоз во Деир ез Зор, источно од реката Еуфрат.
Официјалните претставници на коалицијата сѐ уште не ги потврдија овие наводи.
Поврзано со овој настан, седум камиони со хуманитарна помош за цивилите пристигнаа во тој регион вчера.
Минатата година терористичката организација ЈПГ/ПКК, со помош на САД, зазеде делови во источните, западните и северните периферии на Деир ез Зор, западно од реката Еуфрат.
Во септември терористичката организација, со воздушна поддршка од САД и копнена поддршка од Франција, започна со операции за расчистување на милитантите на ДЕАШ од Деир ез Зор.
Кратко по заземањето на Хаџин, последното упориште на ДЕАШ во покраината, ЈПГ/ПКК исто така успеа да го заземе и градот Бухатир.
Присуството на ДЕАШ во Деир ез Зор сега е ограничено на градот Багоз. Областите западно од Еуфрат, во меѓувреме остануваат под контрола на силите на сирискиот режим.
Врз основа на проценките, ЈПГ/ПКК во моментот зазема околу една третина од вкупната територија на Сирија.