Fatma Esma Arslan
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПКК, вчера во американскиот град Њујорк, со цел клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, на рекламен камионет, кој се движеше низ градот, истакнаа фотографии на деца од Алепо, тврдејќи дека цивилите во Африн се во опасност, јавува Anadolu Agency (AA).
На камионетот, користен за време на митингот за поддршка на терористичката организација ПКК, организиран пред седиштето на ОН во Њујорк, беа истакнати фотографии на ранети деца. Утврдено е дека споменатите содржини се случиле во Алепо, а не во Африн, како што тврдеа поддржувачите на организацијата.
На електронскиот билборд на камионетот, прикажани се две фотографии на деца на кои пишуваше дека по 50 дена од војната, Турските вооружени сили биле оддалечени од градот на два километри и дека цивилите се во опасност.
Се утврди дека фотографијата, поставена на десната страна од билбордодот, е направена од репортер на Anadolu Agency (AA) на 11 јули 2016 година во Алепо.
На фотографијата се гледаат две деца како бегаат од воздушниот напад на руските авиони.
Фотографијата на ранетото дете прикажана на билборд, всушност е направена по нападот на руските авиони во Алепо на 11 октомври 2016 година.
Лицата поврзани со терористичката организација, претходно на социјалните мрежи се обидоа фотографиите на репортерот на АА, направени во Источна Гута, да ги подметнат како тие да се направени во Африн, а со цел клеветење на операцијата „Маслинова гранка“ и на Вооружените сили на Турција.