Burç Eruygur
05 Јуни 2023•Ажурирај: 06 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Киргистанската служба за безбедност приведе осомничени за наводен обид за државен удар во земјата, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Персоналот на киргистанскиот државен Комитет за национална безбедност извршил масовни приведувања на „група луѓе“ што „се подготвувале да ја преземат власта насилно“, објави киргистанската новинска агенција 24КГ, цитирајќи извори од службата.
Изворите не наведоа детали за приведените и за нивниот број, се вели во веста.
Киргистанските власти сѐ уште не дадоа коментари за овие вести.