Ecenur Çolak
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Пратеникот на владејачката турска Партија за правда и развој (АК Партија) и претседателот на парламентарната група на турско-американското пријателство при Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Али Сарикаја, во врска со одлуката за вонредна состојба којашто следеше откако воените лица лојални на терористичката организација ФЕТО на 15 јули се обидоа да извршат државен удар, порача дека „меѓународната заедница и пријателите на Турција можат да бидат сигурни во тоа дека во рамките на вонредната состојба и судските процеси нема да дојде до кршење на човековите права“, јавува Anadolu Agency (AA).
Сарикаја упати писмо до претседателите на Групата на турско-американското пријателство при американскиот Сенат, Ед Витфилд, Стив Коен, Вирџинија Фокс и Гери Коноли.
Тој напиша дека турскиот народ е потресен од обидот за државен удар.
„Овој обид, покрај демократијата, уставниот поредок, владеењето на правото и владините институции, за цел зеде невини цивили кои со намера да ја одбранат својата земја и желба изразена на легитимни избори, на мирен начин им се спротивставија на пучистите“, напиша Сарикаја.
Сарикаја во писмото се осврна на фактот што во текот на нападот, изведен со авион, на зградата на Собранието, кое е симбол на волјата на народот, биле животно загрозени пратениците што во тој момент се наоѓале таму.
Пратеникот Сарикаја потсети дека откако започнал обидот за државен удар, пратениците на сите политички партии во Турција дојдоа во Собранието и со тоа јасно го покажаа својот демократски став, јасно противејќи се на обидот за пуч.
Сарикаја, кој им се заблагодари на сите колеги што ги поддржаа Парламентот и Владата и ја поделија болката со Турција, смета дека бомбардирањето на Собранието не отворило само физички рани на основната институција на демократијата, туку и духовни.
Тој нагласи дека Турција веќе три години се соочува со оние што на различни начини се обиделе, и покрај народот и неговата волја, да ја заземат државата и народот, при што тоа на 15 јули резултирало со вооружен обид за удар.
Сарикаја изјави дека овој обид несомнено носи карактеристика на терористички напад со каков ниедна земја претходно се нема сретнато и укажа на фактот што обидот за пуч е извршен покрај командниот синџир на Турските вооружени сили (ТСК).
Сарикаја додaде дека обидот за државен удар што го изврши групата воени лица лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ беше ограничен, но дека поради употребата на оружјето доживеал поголеми и поопасни размери, што резултираше со погибија на стотина и ранување на повеќе од илјада лица.
„Колку и да е јасно што овој обид не успеа и нема да може во потполност да ја расипе војската, во чија преданост кон уставниот поредок и нашата демократија не се сомневам, толку ова беше искуство што секогаш демократските земји ќе ги потсетува на борбата против терористичките ќелии во вооружените сили”, порача Сарикаја.
Тој потсети дека е започната правна постапка поврзана со обидот за удар, кој беше спречен со несебичната борба на турскиот народ кој ја одбрани својата слобода и демократија и нагласи дека многумина сторија злосторство со цел да ја сменат власта по нелегален пат.
„Во првите истраги и претреси откриен е голем број докази поврзани за илјада лица вработени во јавниот сектор и во Турските вооружени сили, но и надвор од нив“ наведе пратеникот Сарикаја во своето писмо наведе.
„Владата во согласност со овластувањата добиени со Уставот донесе одлука за прогласување вонредна состојба, со цел во најкраток можен рок да ги преземе сите неопходни чекори за да ја отстрани заканата за правата и слободите на граѓаните, правната држава и демократијата во земјата.
Сепак, нашите пријатели и меѓународната заедница можат да бидат сигурни дека за време на вонредната состојба во Турција и при водењето на правните постапки нема да дојде ни до најмало кршење на човековите права, владеењето на правото, меѓународните норми и универзалните принципи на законот”, рече Сарикаја во своето писмо.
Тој ја потсети меѓународната заедница и пријателските земји дека сите политички партии во Големото народно собрание на Турција се спротивставиле на обидот за удар на терористичката организација ФЕТО, поради што тој верува дека ќе ја поддржат легитимната борба што ја води Турција.
Покрај тоа, Сарикаја во престојниот период посака продуктивен дијалог и соработка меѓу парламентарните групи.
Групата на Турското американско пријателство, која се состои од членови на владејачките и опозициските партии, во наредните неколку дена има намера да изврши низа посети на Вашингтон со цел членовите на Сенатот сами да раскажат за обидот за државен удар во Турција и да разговараат за активната поддршка на членовите на Сенатот кога станува збор за испорачување на водачот на терористичката организација Фетулах Ѓулен, на пријателската земја Турција.