Nazir Aliyev Tayfur
17 Септември 2022•Ажурирај: 18 Септември 2022
БИШКЕК (АА) - Киргистан прогласи вонредна состојба во регионот Баткен, што граничи со Таџикистан, поради судирите што избија вчера, соопшти Министерството за вонредни ситуации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката е донесена синоќа со цел да се зачува безбедноста на граѓаните, за спроведување на евакуацијата и преместување на населението, спречување на човечки загуби и мобилизирање на надлежните сили, се наведува во соопштението.
Судирот меѓу граничните единици на двете држави започна вчера (петок) рано наутро.
Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека во граничните судири загинале најмалку 24 лица.
Страните меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот, но се согласија на прекин на огнот од 16 часот по локално време.
Наведениот регион е место на тензии поради граничен спор, вклучително и поради земјоделското наводнување, испаша на животните, криумчарење и илегални преминувања на границата.
Киргистан ги затвори царинските контроли со Таџикистан на 21 мај 2021 година додека не се реши прашањето со границата.