Diyar Güldoğan
17 Септември 2022•Ажурирај: 19 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Уште два брода ги напуштија украинските пристаништа според договорот за извоз на жито потпишан во Истанбул, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството, кое не ги открива појдовните точки на бродовите ниту нивните дестинации, се вели дека за денес планирано е и испловување на уште седум бродови од украинските пристаништа, во зависност од временските услови.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул на 22 јули за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, извоз кој беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран и Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надзор на испораките.
По испловувањето на првиот според договорот на 1 август, од Украина со повеќе од 145 бродови се извезени над 3 милиони тони земјоделски производи.