İdris Sülün
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
АНКАРА
Кинескиот претседател Ши Џинпинг, истакнувајќи дека Кина нема да биде „угнетената страна“ пред странските сили, рече дека ако ја принудат неговата земја, „ќе им ги згмечат главите“ на тие сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), Ши ги предизвика странските сили во својот говор на настанот одржан по повод 100-годишнината од формирањето на владејачката Кинеска комунистичка партија.
Посочувајќи дека Кина нема да биде „угнетената страна“ пред странските сили, Ши рече дека ако ја принудат неговата земја, „ќе им ги згмечат главите“ на тие сили.
Ши исто така додаде дека администрацијата во Пекинг нема да дозволи „арогантни беседи“.
Реакцијата на Ши беше толкувана како одговор на критиките на САД кон Кина во врска со репресијата и кршењето на човековите права во Хонгконг.
Односите меѓу САД и Кина од неодамна значително се влошија како резултат на трговијата и епидемијата.
Кинеската администрација го обвини Вашингтон дека е „најголем креатор на ризик“ во регионот, откако брод разурнувач натоварен со ракети во сопственост на САД помина низ Тајванскиот Теснец.